Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во четвтокот разговараше со својот руски колега Сргеј Шојгу, со фокус на „намалување на ризикот долж границите на Украина“, се вели во краткото соопштение на Пентагон.
„На 6-ти јануари 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин остварија телефонски разговор. Разговараа за безбедносни прашања од заеднички интерес“, нагласи руското Министерство за одбрана.
Разговорите на министрите се одржаа во позадина на подготовките за состанокот на Советот Русија-НАТО што ќе се одржи на 12-ти јануари во Брисел. Претходно, на 10-ти јануари Женева е домаќин на руско-американските разговори за безбедносните гаранции, на 13-ти јануари е закажан состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.