Фудбалскиот шампион на Англија, Манчестер Сити, потпиша договор со Бруно Сукулини.Овој фудбалски интернационалец од Аргентина, кој настапувал за домашниот состав Расинг, со одличните претстави се препорачал кај челниците на „Итихад“.
Младиот фудбалер од средниот ред беше дел од составот на „Граѓаните“ на подготвителните натпревари во Шкотска и во Соединетите Американски Држави.
Во дуелот со тимот на Канзас Сити, одличниот Аргентинец успеа да постигне и погодок.
„Се радувам на искуството кое што оваа преселба ќе го овозможи, како и на можноста за подобрување“, вели младиот Сукулини.
Тој настапил во 92 натпревара за Расинг, а ќе може да се истакне во Комјунити шилд дуелот меѓу Арсенал и Манчестер Сити.