
Најдобрата македонска репрезентација во месец март ја очекува баражот за Светското првенство за пласман на СП во Катар 2022, а противник ни е селекцијата на Италија.
Со нив ќе се соочиме на 24 март во Палермо, место кое е добро познато за дел од нашите репрезентативци.
Имено еден од нив е Александар Трајковски кој мина неколку години во составот од Сицилија и се радува што сега одново ќе може да игра на „Ренцо Барбера“.
-Кога видов дека ќе играме против Италија, си помислив дека тоа ќе биде посебен натпревар. Потоа и дека истиот ќе се игра во Палермо. Колку прекрасно. Ќе се вратам на местото каде што бев добар, тоа ќе биде добар натпревар. Возбудливо. За мене и за Македонија. Имаме можност да одиме на Светско првенство. Кога ќе дојде време ќе размислуваме за тоа. Ние сме млад тим, Пандев повеќе не е со нас, ни недостасува. Ама ќе се бориме, играме со срце. Ние никогаш не се откажуваме. Имаме квалитет, порача Трајковски за „Тутомеркатовеб“.