МЗТ Скопје убедливо против Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје во меч од 13. коло од Првата лига убедливо го совладаа Кожув со 86-71, што беше десетти триумф за овој клуб сезонава на домашна сцена.

Кристијан Николов со 17 поени и осум асистенции беше најдобар кај МЗТ, каде што двоцифрен ефект имаа уште и Немања Милошевиќ со 14 поени, Бојан Крстевски и Хуан Дејвис со по 12, Роберт Рикиќ со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Тревор Бродвеј со 28 поени беше убедливо најдобар кај Кожув.