Колку стотици атомски бомби како онаа фрлена во јапонскиот град Хирошима беше ерупцијата на вулканот во јужноамериканската земја Тонга, јавија научници од НАСА. Тоа е многу, ако се земе фактот дека атомската бомба во 1945 година имаше 15.000 тони ТНТ експлозив. Толку многу, што вулканот при ерупцијата исфрлил блескави остатоци и магма на 40 километри во атмосферата.
– Сметаме дека количината на енергија, која ја ослободила оваа ерупција, одговара на количина од околу пет до 30 мегатони – пет до 30 милиони тони – ТНТ – изјави научникот на НАСА, Џим Гарвин.
I can't fathom seeing the #tonga Volcanic eruption in real-time from boat. This is insane.pic.twitter.com/1dXRa0lX25
— Doc V (@MJVentrice) January 15, 2022
Ерупцијата која се случи на 15 јануари едноставно „го збриша“ вулканскиот остров, кој се наоѓа на околу 65 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа. Местото, во кое инаку живеат околу 100.000 лица беше покриено со слој отровен пепел, затруена беше питката вода, уништени беа посевите и најмалку две села во потполност беа збришани од лицето на Земјата.
Volcán submarimo en Oceanía Hunga Tonga Hunga Ha'apai. Se aprecia claramente la columna de ceniza y la interacción del agua del mar con la erupción. pic.twitter.com/xCcSczgbb0
— InfoSismologic (@EarthquakeChil1) January 8, 2022
Во ерупцијата имаше три жртви, а животот го изгубија и двајца туристи на плажа во Перу. Научниците веруваат дека најверојатно се работи за една од најголемите ерупции во последните 30 години, како и за еден од најгласните настани на Земјата во повеќе од 100 години.