Италија: Парични казни за невакцинираните постари од 50 години

Од вторникот во Италија стапуваат на сила новите ограничувања поврзани со епидемијата на коронавирусот, меѓу кои е и паричната казна за невакцинираните лица повозрасни од 50 години што ќе се применува и на странци коишто живеат во земјата.

За лицата коишто влегуваат во Италија од другите земји од Европската унија а коишто ќе предочат доказ за целосно вакцинирање или потврда дека прележале Covid-19, од вторникот нема да биде потребно да имаат и негативен тест како предуслов за влез во земјата.

Поради многу позаразната варијанта на омикрон, тестот досега беше задолжителен за сите, без оглед на статусот. Од почетокот на јануари вакцинирањето против Covid-19 е задолжително за сите лица постари од 50 години.

Од вторникот, лицата во оваа возрасна група кои не се вакцинирани или, пак, не ја примиле втората или дополнителната „бустер“ доза и покрај тоа што имале можност, за тоа ќе бидат казнати со 100 евра. Мерката останува на сила до 15-ти јуни и се однесува на сите повозрасни од 50 години, вклучително и странските државјани.

Од 15-ти февраури оваа возрасна група, исто така, ќе мора да достави доказ за вакцинираност или прележување на болеста за присуство на работното место, и ќе биде принудена да работи на далечина доколку тоа не може да го стори. За оние коишто ги кршат мерките предвидени се глоби во износ од 600 до 1.500 евра.

Промени има и кога станува збор за пазарењето. Од вторникот на потрошувачите и посетителите во книжарниците, банките или канцелариите ќе мора да покажат потврди за вакцинираноста или за прележување на болеста. Тоа нема да се применува во супермаркетите и аптеките.

Во Италија, којашто има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто ов вкупното население се смета за вакцинирано против Covid-19, односно примило најмалку две дози од вакцините.