Стопанската комора ќе обезбеди четиримесечна бесплатна програма за развој на стартап бизниси

Стопанската комора на Македонија од овој месец започнува со четиримесечна бесплатна Програма за развој на стартап бизниси.

Една од целите на Програмата е вмрежување со компаниите во Комората и презентација на идеите пред соодветните компании кои можат да бидат заинтересирани за соработка со стартап бизнисите. Исто така придобивка од ваквата Програма е и можноста за презентирање на идеите пред финансиски институции за финансирање на стартап бизисите.

Програмата за стартап бизниси е наменета за млади невработени лица, но и вработени кои имаат желба за започнување бизнис и се мотивирани за стекнување вештини од областа на претприемништво, планирање на бизнисот и пристап до инвестиции за започнување на бизнисот.

Во реализација на Програмата се вклучени повеќе од 20-тина реномирани предавачи и претставници на успешни стартап компании. Предавањата се замислени така што сите модули на почетокот ќе имаат краток теоретски вовед во секоја поттема, а потоа следуваат предавања со практични примери, искуства и со менторски пристап од предавачите, со индивидуални вежби за примена на стекнатото знаење врз избраната бизнис-идеја. Секој модул има свој ментор, а на предавањата голем удел ќе имаат интерактивноста и вежбите според најновите европски и светски пристапи.

Програмата за развој на стартап бизниси започнува на 28 февруари 2022 година, а планирано е да заврши на 10 јуни 2022 година. Повеќе информации за Програмата и Пријавата за учество на Програмата за развој на стартап бизниси, како и за начинот на пријавување и запознавање со предавачите и темите можете да најдете на интернет страната на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk