Раст на бројот загинати во масовните пукања во САД

Истражувачкиот проект кој го финансирала американската влада покажува нагорен тренд на масовните пукања во Соединетите држави, откривајќи дека расте бројот на загинатите а повеќето луѓе кои вршат такво насилство претходно преживувале трауми или се наоѓаат во кризна животна ситуација.

Во „Проeктот насилство“ (The Violence Project), кој го финансирал Националниот институт за правда при американското министерство за правосудство, проучени се 52 случаи на масовно пукање дефинирани како убиство на четири или повеќе лица, кои се случиле во текот на повеќе од 50 години.

Истражувањето, објавено во петокот, покажало дека во сите случаи на масовно пукање во периодот од 1966 до 2019 година, повеќе од половината од случаите се одиграле од 2000 година па натаму, од кои 20 отсто се одиграле во периодот од 2010 до 2019 година. Во последните пет години кои ги истражувала студијата, во просек 51 лица годишно гинеле како резултат на масовните пукања, додека во 1970-те години во просек годишно загинале осум луѓе во таквите инциденти.

Министерството за правосудство објави дека некои од акцентите од проучувањето ден откако американскиот претседател Џо Бајден и државниот обвинител Мерик Гарланд се сретнаа со челниците на мегалополисот Њујорк, за да повикаат на поголеми вложуваа во локалната полиција во борбата против неодамнешниот раст на вооруженото насилство.

„Оваа студија, една од најобемните процени на податоците за масовното насилство досега, покажува длабоко вознемирувачки тренд: повеќе Американци умираат поради масовните пукања од кога и да е претходно во поновата историја“, вели Ејми Соломон, главна заменичка помошник на главниот обвинител во Бирото за працвосудни програми.

Во студијата се анализирани податоци масовно пукање со користење на јавно достапните бази на податоци, а станувало збор за отворени извори, како што се медиумите или социјалните мрежи.

Анализата на некои од податоците од истражувањето на Националниот инстутот за правда покажа дека самоубиствените намери се „силен показател“ за почитување масовни пукања. Исто така, 31 отсто од сторителите доживеале трауми во текот на детството, а 80 отсто од нив се „во криза“. Голем процент од сторителите или 48 отсто, однапред го споделиле своите планови со членивите на своите семејства, со пријатели, со полициајта или со туѓи лица.