Азески: Комората на иднината во служба на бизнисот за подобра економска иднина

Комората ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители, 10-те најуспешни бизнисмен, а во својот апарат и 10-те најдобри коморски кадри и многу домашни и регионални експерти, со што е создадена комора на иднината, за да биде во служба и на бизнисот и на државата, истакнува во мега интервјуто на претседателот на комората Бранко Азески во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100-годишнината од Стопанска комора на Македонија кое е веќе во продажба,

Азески потенцира дека, „Комората денес во своите редови ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители и 10-те најуспешни бизнисмени. Но, не е само тоа. Во својот апарат ги имаме и 10-те најдобри коморски кадри во државава и уште толку домашни и регионални експерти, што доволно докажува дека е создадена комора на иднината, можеби не со пет ѕвезди, но со онолку колку што е потребно за да бидеме во служба и на бизнисот и на државата“.

„Кадровскиот капацитет на Комората денеска е многу голем, најголем во државата, и во поширока и во потесна смисла. Во поширока смисла во нашите компании има најголем број доктори на наука, магистри, инженери, економисти, правници, научни работници и слично. Во потесна смисла, во апаратот на Комората на толку мал број луѓе 50-ина, има таква концентрација на добар кадар што процентуално е во врвот на нашата држава. Јас во овие 17 години не ја сменив зградата, го сменив кадарот, луѓето во неа и така ја создадов Комората на иднината. Најмногу се гордеам со институциите што сум ги изградил од нула, а денеска имаат признато место во бизнисот како што се ГС1 Македонија, организација за доделување и управување со бар кодовите за нумерирање на артикли, Македонското кредитно биро, Советот за странски инвестиции, Македонската енергетска асоцијација, Комората на сегашноста која функционира веќе 17 години, Комората на иднината, регионалната бизнис асоцијација во Западен Балкан – Коморскиот инвестиционен форум и многу други проекти кои се во тек“, вели Азески

Додава дека преку ставањето во функција на четири нови Совети за развој на високото образование и за истражувања, за унапредување на индустриското производство и извозот, унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и за напредни технологии при Стопанската комора, одговориле на барањето на компаниите во Комората да препознаат силен партнер.

„Тие четири треба да изградат нови институции, институтот за извоз, школа за бизнис лидери, клуб на извозници, клуб на старт ап компании, модули за поддршка на мали и средни претпријатија, берза на труд, преквалификации, вмрежувања, едукација, како и организирање на меѓународни конференции, кои ги имплементираат современите трендови и практики на дејствување, во брзо и динамично општество..“, вели меѓу другото Азески.