Лук Антоан Монтање, добитник на Нобеловата награда за медицина за придонесот за откривање на вирусот ХИВ, починал во вторникот на 89-годишна возраст во американската болница „Неуили-сур-Сен“ крај Париз, објави во четвертокот градоначалникот Жан-Кристоф Фромантен.
Францускиот научник кој неодмана беше прогласен за „контроверзна личност“ според сегашната научна заедница во врска со неговите забелешки за коронавирусот, ја прими Нобеловата награда за медицина во 2008 година бидејќи уште во 1983 година со колешката Франсоас Баре-Синуси и колегата Жан-Клод Шерман го идентификуваа вирусот на ХИВ.
Името на биологот Монтање засекогаш ќе остане поврзано со откривањето на хуманата имунодефицијенција (ХИВ), којашто ја предизвикува болеста СИДА. Од 1991 до 1997 година, Монтање го водеше одделот за СИДА и ретроворуси во Институтот Пастер и предаваше на Квинс Колеџот во Њујорк до 2001 година.
Неговата научна величина последните години беше поматена поради ставовите заземани во расправите со други научници. Од 2017 година почна да се противи на примената на вакцините, а кога избувна пандемијата на коронавирусната болест Covid-19 зазема ставови кои ги одби сегашната мејнстрим научна заедница. Но со изјавите за вакцините против коронавирусот, Монтање стекна голема популарност во светот и симпатии од антиваксерските движења.
„Секогаш го барав необичното. Тешко работев во мејнстримот“, изјави Монтање во документарниот филм од 2014 година посветен на неговата научна работа.
Така, меѓу другото, ја застапуваше теоријата дека предизвикувач на аутизмот е микроб, дека папајата лекува некои биолести и дека ДНК емитува електромагнетни брановои.
Во пандемијата на Covid-19 го привлече врз себе вниманието на широката светска јавност со тврдењата дека новоидентификуваниот коронавирус SARS-CoV-2 е манипулиран во лабораторија со додаток на „секвенци од ХИВ“, као и дека вакцините се одговорни за појавата на новите варијанти на коронавирусот. Со таквите тези, кои ги отфрлија мејнстрим воролози и епидемиолози на Западот, стана непосакуван во сегашната научна заедница.