Македонската фудбалска легенда го постигна својот прв гол за Парма на свој втор настап, откако направи неочекуван трансфер од Џенова во јануарскиот преоден рок.
Парма беше подобра од Порденоне со 4:1, а Пандев влезе во второ полувреме и по само 10 минути игра со убав потег на прва, израмни на 1:1.
На 3:1, Пандев се повреди и мораше да биде заменет по само 25 минути поминати на терен.
Пандев за влакно не го даде и вториот гол кој падна по одбиена топка откако голманот едвај му ја фати.
🟡🔵 🅣🅔🅐🅜 🟡🔵#ForzaParma #ParmaPordenone pic.twitter.com/ckNDYBla38
— 𝐏𝐚𝐫𝐦𝐚 𝐂𝐚𝐥𝐜𝐢𝐨 𝟏𝟗𝟏𝟑 (@1913parmacalcio) February 12, 2022