Челси стана Светски клупски шампион! (ВИДЕО)

Челси извојува тешка победа над Палмеирас, на сините им беа потребни и продолженија за да дојдат до посакуваната победа која ги направи светски шампион.

Мрежите мируваа во првиот дел, а по десет минути игра во второто полувреме по асистенција од Хадсон Одои, Лукаку погоди со глава за водство на Челси од 1-0.

Европскиот шампион не го задржа долго водството, во 64. минута Веига од пенал го изедначи резултатот на 1-1.

Немаше нови погодоци до крајот на регуларниот дел по што мечот влезе во две продолженија од по 15 минути.

Челси во 117. минута доби пенал кој го реализираше Хаверц за водство и победа од 2-1.

Нервозата си го направи своето и во последните моменти Палмеирас остана и со играч помалку откако Луан заработи црвен картон.