Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната панел дискусија на тема „Младите и нивната перспектива во општините„ истакна дека бенефициите во локалната самоуправа кои младите ги имаа пред 5-6 години, скоро и да исчезнаа по доаѓањето на власт на СДСМ.
Генерално сите знаеме во каква апатија не остави актуелната централна власт, бидејќи веќе не се локална во најголем дел од општините СДСМ. Пред 4-5 па и шест години и те како младите добиваа многу многу повеќе бенефиции од страна на власта во локалната самоуправа, но и во централната власт преку разно разни проекти, стипендии, во делот на образованието, во делот на нови вработувања, високо котираа на пазарот на трудот и така натака. Но, со менувањето на власта и доаѓањето на СДСМ си тие бенфиции кај младите полека полека исчезнуваа за да се сведат на минимум и да единствено имаат таканаречен приод кон таквите бенефиции беа само оние луѓе кои што се партиски војници на актуелната власт СДСМ-ДУИ. Сите останати кои што имаат таква тежина, капацитет и се останато кое што е потребно за понатамошен развој на еден млад човек и кадар и за градење успешна кариера, беа на некој начин отргнувани, дисквалификувани од сите тие бенефиции за да во последните две три години енормно се зголеми бројката на иселени млади во западните земји, рече Арсовски.
Арсовски потенцираше дека сега откако локалната власт е преземена од СДСМ, работите почнаа да се менуваат во најголем дел од општините, и дека се гледа блага доза на враќање на самодовербата кај младите.
Сега откако е повторно преземена локалната власт, полека работите почнаа да се менуваат во најголем дел од општините, гледаме блага доза на враќање на самодовербата кај младите во однос на останувањата во Република Македонија, градењето на животот и се останато и кариера тука во Република Македонија и она кое што е многу поважно да секој еден млад човек сака да остане во општината во која што израснал и практично таму да ги има сите услови кои што му се потребни за да може понатака да се развива. Она кое што е многу важно најголем дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и што мене ми е многу драго, од 42 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ дури 19 се помлади од 40 години. Тоа е еден интересен податок кој што ја покажува довербата која што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава на секој еден млад човек. Генерално она кое што исто така мене ме радува како поранешен потпретседател на Унијата на Млади Сили, најголем дел од нив веќе го поминале филтерот на УМС и генерално уште во најрани години се заложувале да креираат младинска политика и многу добро го познаваат сето тоа кое што им е потребно на младите.
Она кое што е важно е хуманиот однос на општините кон младите луѓе бидејќи тоа изминатите неколку години многу беше потиснато заради одредени бизнис интереси, партиски интереси на власта на СДСМ-ДУИ. Ова го велам затоа што многу поважни им беа бизнисите и се останато отколку да бидат слушнати оние мислења и идеи кои што произлегуваа од младите луѓе во секоја една општина. Наместо рекреативни центри им беа поважни било какви разноразни градби и се останато, за да конечно сега почнуваат да допираат гласовите на младите луѓе до актуелните градоначалници кои седат во столчињата и неуморно секојдневно комуницираат дали со вас или останатите млади луѓе од граѓанските организации, спортските клубови, културните здруженија, се што им е потребно да им биде пружено за да конечно почнат нормално да функционираат сите млади во општините во Република Македонија, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.