Северина и Бреговиќ повторно заедно за нешто големо (ФОТО)

Се чини дека Северина повторно соработува со Горан Бреговиќ на новиот албум.

Пејачката позираше со продуцентот Филип Милетиќ и менаџерот Томица Петровиќ, а со нив во студиото седеше и Горан Бреговиќ.

„Три мускетари“, напишала Севе во описот на сликата и навести дека Бреговиќ ќе биде еден од авторите на нејзиниот нов албум, кој обожавателите со нетрпение го очекуваат.

 
По тој повод многумина се сетија на албумот на Северина, Здраво Маријо, кој таа го работеше со Бреговиќ во 2008 година. Северина на промоцијата се појави како невеста без младоженец, а Бреговиќ во улога на кум.