Во Србија вонредните парламентарни избори на 3-ти април

Србија од вторникот и официјално влезе во предизборна кампања откако претседателот Александар Вучиќ во вторникот вечерта го потпиша указот за распуштање на Скупштината (парламентот) и распиша вонредни парламентарни избори за 3-ти април, а распишувањето на претседателските избори се очекува на почетокот на март.

Претседателот на српскиот парламент, Ивица Дачиќ, претходно во вторникот за истиот датум ги распиша локалните избори за Скупштината на Град Белград, како и за уште 12 локални самоуправи.

До конституирањето на новиот состав, парламентот е во технички мандат, во рамките на кој Дачиќ, согласно законскиот рок за истекот ан петгодиѓниот мандат на актуелниот шеф на државата, за 3-ти април ќе ги распише и претседателските избори.

Вучиќ беше избран за претседател на Србија на изборите на 2-ри април 2017 година на коишто освои 55,06 отсто од гласовите, победувајќи го независниот кандидат и тогашен народен превобранител Саша Јанковиќ кој освои 16,35 отсто од гласовите.

Вучиќ и неговата Српска народна партија (СНС) на власт се од 2012 година, кога на претседателските избори победи тогашниот партиски лидер Томисла Николиќ, а Вучиќ изесен период беше вицепремиер а потоа и претседател на српската влада.

Претходно парламентарни избори беа одржани во јуни 2020 година во екот на епидемијата на коронавирусот, кои ги бојкотираше расцепканата и слаба опозиција, што овозможи уште поуверлива победа на коалицијата предводена од СНС и нивно апсолутно мнозинство во парламентот. Веднаш по тие избори Вучиќ објави дека мандатот на тој парламент и од него избраната влада ќе биде само година иполовина, што и се оствари со денешното распишување на изборите.

За разлика од 2020 година кога ги бојкотираше изборите под изговор за наводно неповолни изборни услови, опозицијата во директните преговори со власта во кои посредиваа европратеници, постигна изборни услови кои во Брисел се оценуваат како доволни и ќе излезе на изборите.

Предизборната атмосфера, според опозициските медиуми, упатува на тоа дека владајачката коалиција првпат по доаѓањето на власт во 2012-та би можела да има проблем да го одбрани сегашното убедливо мнозинствот во парламентот. Предизборите во Србија, според медиуми, го карактеризира силно поделеното општество и медиуми, знаци на инфлација и поскапувања во услови на глобалната енергетска криза.

Актуелната власт ги очекува изборите истакнувајќи ги аргументите за економски напредок, најголемите странски инвестиции во регионот, помошта на државата за стопанството погодено во корона-кризата како и на граѓаните од повеќе од 8,5 милијарди евра, градењето на инфраструктурата како патишт и железнички пруг, како и отворањето бројни фабрики.

Опозицијата, пак, влегува во кампањата по низата неодамнешни наводни еколошки протести и блокади. Убедена е дека владејачката СНС ќе загуби значителен дел од гласачите, обвинувајќи за нетранспарентност во државните проекти, контрола над медиумите – за што власта ја обвинува опозицијата и ткн „тајкунски медиуми“.

Анкетите од крајот на минатата година и од крајот на јануари и натаму покажуваа многу голем рејтинг на претседателот Вучиќ и на неговата СНС, но во опозицијата, барем во функциона на пропагандата, демонстрираат самоувереност и оптимизам.