Сателитски снимки покажуваат дека наводно дошло до ново распоредување на окплопна опрема и руски војници на неколку локации во близина на границата со Украина, објави американската приватна компанија „Maxar Technologies“, кој со седмици известива за „трупањето“ на руските сили.
Како што пренесува Reuters, наводно новата воена активност е забелажана откако беше објавено за продолжување на заедничките руско-белоруски вежби во Белорусија. Вежбите „Заедничка решителност-2022“ започнаа на 10-ти февраури и требаше да завршат во неделата, но тие всушност продолжија со вежбите во кои се вклучени припадници и опрема на Воздухопловно-космичките сили, на Јужниот воен округ, Стратешките ракетни сили, како и пловилата на Северната и на Црноморската флота.
Таквата активност го зајакнува тврдењето и стравот меѓу западните сили од непосредна руска инвазија врз Украина.
Новата активност, како што се забележува во извештајот на Maxar Technologies, претставувала промена на образецот претходно забележан про распоредувањето на борбените групи, тенковите, оклопните транспортери, артилеријата и опрема за поддршка.