![pendarovski turisticki vodici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/pendarovski-turisticki-vodici.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП).
Претставниците на асоцијацијата го запознаа претседателот Пендаровски со нивната работа и заложбите за создавање на услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги. Исто така, претставниците на асоцијацијата претставувајќи ги активностите во насока на подобрување на позицијата на водичите и нивната професија, посочија дека немаат регулиран статус, а со тоа и здравствено и пензиско осигурување.