
Градоначалникот на украинската престолнина Киев, Виталиј Кличко, порача во саботата дека полицискиот час претходно воведен поради рускиот напад, предупредувајќи дека секое лице коешто ќе се најде на улица по 17 часот до 8 часот ќе биде сметано за непријател.
„Сите цивили кои ќе се најдат на улица во текот на полицискиот час ќе бидат сметани за припадници на непријателските саботажни и разузнавачки групи“, објави Кличко на неговиот Telegram канал.
Досега полицискиот час воведен во четвртокот по почетокот на руската воена операција беше на сила меѓу 22 часот навечер и 7 часот утрото.
Кличко, исто така, најави дека подземната железница во Киев ќе биде претворена во засолниште за цивилите и дека нема да служи за транспорт во иднина. Всушност подземните железници во големите градови во некогашниот СССР се градени да служат и како засолништа.
Во сабората Киев бил под ракетни напади и улични борби. Борби се воделе на Авенијата на победата, една од главните киевски сообраќајни артерии. Министерството за одбрана објави дека биле одбиени сите напади во текот на ноќта кога бил погоден и еден облакодер.
Претходно во саботата Кличко објави дека во центарот на Киев нема руски војници, а британското министерство за одбрана објави дека поголемиот дел од руските сили се наоѓаат на 30 километри од центрот на украинската престолнина.
Речиси 200 цивилни жртви во Украина
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој во петокот имаше низа спротиставени изјави, во саботата се обиде на бранителите и жителите на Киев да им го подигне духот и ги повика на отпор на рускиот напад во кој загинале речиси 200 цивили.
Зеленски во саботата објави пркосно видео од куевски улици по ноќта на интензвини престрелки и експлозии.
„Тука сум“, вели Зеленски во снимката очигледно уморен додка оди по киевска улица во мугрите. Порача дека Украинците нема да го положат оружјето како што бара рускиот претседател Владимир Путин за да се одржат преговори.
„Најмалку 198 цивили, вклучително и три деца, се убиени во досегашниот тек на ивназијата, а 1.115 се ранети“, објави украинскиот министер за здравство Виктор Лијачко.