
Никола Јокиќ е актуелен МВП во НБА лигата, а додека и сезонава игра одлично во дресот на Денвер, со право може да очекува голема заработка од новиот договор кој го подготвува неговиот актуелен клуб.
Агентот на српскиот кошаркар, Мишко Ражнатовиќ, во своето последно гостување во специјализиран подкаст зборувал на тема Јокиќ и најавил рекорден договор.
– Според нашите очекувања, договорот треба да биде потпишан ова лето. Тоа значи продолжување со максимален износ, нешто што Јокиќ го заслужи, – изјавил Ражнатовиќ.
Проценката е дека Јокиќ ќе добие петгодишен договор вреден 241 милион долари, со што ќе постави нов рекорд во својот спорт.
Јанис Адетокумбо потпиша договор вреден 228 милиони долари, а договори вредни над 200 милиони имаат само уште Расел Вестбрук, Стеф Кари и Руди Гобер.