Србија привремено ја затвори својата амбасада во Киев и својата активност ќе продолжи да ја обавува од Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
„Амбасадата на Република Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на нашиот персонал, а персоналот на тоа дипломатско-конзуларно претставништво ќе продолжи да работи од Белград до исполнување на условите за враќање“, соопшти српската дипломатија.
Во соопштението се додава дека тројца дипломати и еден службеник на амбасадата ја напуштиле Украина и безбедно се евакуирани.
„За сите граѓани на Србија кои се уште се во Украина, помош ќе има нон-стоп во наредниот период, а на располагање им се и амбасадите на Република Србија во земјите кои граничат со Украина“, се наведува во соопштенито.
На 13-ти февруари, Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија кои престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, а оние кои имале намера да патуваат во Украина добиле совет да го одложат своето патување.