Бенет разговараше со Путин во Москва, а потоа телефонски со Зеленски

Израелскиот премиер Нафтали Бенет се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ во саботата за да разговараат за војната во Украина, а подоцна телефонски разговарал и со украинскиот претседател Владимир Зеленски, објави вечерва интернет изданието на израелскиот дневен весник The Jerusalem Post повикувајќи се на дипломатски извор.

Според соговорникот на весникот, разговорите меѓу Путин и Бенет, кои биле фокусирани на моменталната ситуација во Украина, траеле околу три часа. Израелскиот премиер го отворил и прашањето на големата еврејска заеднициа која се најде среде војната во Украина.

Соговорниците се осврнале и на тековните преговори во Виена за обновувањето на Заедничкиот сеопфатен акционен план за иранската нуклеарна програма од 2015 години. Според соговорникот на The Jerusalem Post, шефот на израелската влада изјави дека се против на враќањето на овој договор од кој во 2018-та излегоа САД по што Техеран ги суспендираше обврските произелзени од него а чии потписници се и Русија, Кина, Велика Британија, Франција и ЕУ: Русија претходно во саботата изјави дека западните санкции коишто ѝ се наметната поради офанзивата во Украина станале пречка за нејзината заинтересираност за обновувањето на нуклеарниот договор со Иран.

Изворот рекол и дека по средбата со рускиот челник, Бенет имал телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски. Потоа израелскиот премиер од Москва треба да отпатува во Германија, каде што треба да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Бенет патуваше на еврејскиот празник шабат, во сабота кога не се работи и што инаку претставува кршење на правилата на еврејската вера, но е дозволено доколку целта не зачувување човечки живот, рекол неговиот портпарол.

Бенет на барање на Зеленски, кој и самиот е украински етнички Евреин, се понудио како посредник во судирот меѓу Москва и Киев, иако израелски и функционери во двете земји претходно ја исклучија можноста од каков и да е напредок во преговорите.

Засега нема официјални информации за текот на разговорите на Бенет со Путин конкретно по украинската тема, како и за разговорот со Зеленски. Агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименуван израелски функционер, пренесува дека Бенет наводно кон кризата се однесувал во „согласност со САД, Франција и Германија“.

Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со Бенет пред тој да замине за Москва за да го извести за своите претходни разговори со Путин, соопштија од Елисејскиот дворец.

„Ќе останам во контакт со цел да се постигне примирје, и тоа во координација со германскиот канцелар Олаф Шолц“, изјавил Макрон.

Израел е внимателен во поглед на односите со Русија, посебно поради соседна Сирија, каде што има воена моќ и никогаш таму испорачаните руски противоздушни системи не реагираа на израелските воздушни напади врз ирански цели.

Покрај тоа во Израел, живеат стотици илјади рускојазични мигранти од Русија, Украина и Молдавија кои се доселија по распадот на Советскиот сојуз. Исто така, води сметка за благосостојбата на еврејските заедници кои во Русија имаат своја автономна република а во Украина сепак останаа и покрај стравувањата од неонацистите чија цел биле во Втората светска војна.