Ние нема да прашуваме зошто Зоран Заев и во кое својство се фали со минималната плата, иако веќе Зоран Заев не е премиер. Нема да го поставиме тоа прашање затоа што е совршено јасно дека Димитар Ковачевски е пиунот преку кој што Зоран Заев продолжува да ја краде и да ја уништува државата“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање за став во однос на напаѓањата на СДСМ за најавата за нови автобуси и нови проекти од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Стоилковски додаде дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува проекти меѓу кои и за мега набавка на најмалку 100 електрични автобуси, како човек кој што ја доби мнозинската поддршка од народот на последните избори и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој што држи до зборот и до ветеното.
„Ја разбираме нервозата во СДСМ која што целата енергија, кога веќе има целосно отсуство од работа во институциите под нивна контрола, и таа енергија ја насочува кон деструкција и дезинформации“, нагласи Стоилковски.
Стоилковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија досега ќе излезеше и ќе го поздравеше проектот со којшто ќе се преполови загаденоста на воздухот во Скопје. Но, жално е што СДСМ е против набавка на најмалку 100 нови електрични автобуси, преполовена загаденост на воздухот во Скопје и СДСМ е против фабрика со 500 нови вработувања.
„Тие градеа хациенди дивоградби и местат тендери, ВМРО-ДПМНЕ прави промена и создава иднина. Нека продолжат да напаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи“, појасни Стоилковски.