На булеварот „Партизанска“ во скопската населба Влае кај мостот Влајко, вечерва се случи тешка сообрќајна несреќа, во која учествувале три автомобили.
За повредени и штети ќе се чека официјално соопштение по увидот што се прави на лице место. Но, според она што е на лице место, најоштетено е возило марка БМВ, со тетовски регистарски ознаки.