![image](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/image.jpeg?resize=640%2C360&ssl=1)
Млада Индијка била жртва на силување, 15 мажи ја нападнале.
Во јужниот дел во Индија група хулигани силувале дваесетгодишна жена, а за ова злосторство биле осомничени 15 лица, од кои тројца се во бегство. Девојката е хоспитализирана.
Ова е најнов случај во серијата сексуални напади кои се случија во изминатиов период во Индија. Новиот случај е објавен два дена пред одбележувањето на годишнината од смртта на студентката од Индија, која почина како последица на насилството и бруталното силување во автобус од група мажи. Овој настан предизвика големо незадоволство во Индија.