Итлијанските здравствени власти излегоа во пресрет на Фудбалската федерација на Италија и дозволи максимален капацитет на стадионот „Ренџо Барбера“ во Палермо за мечот со Македонија.
Овој бараж натпревар ќе се одигра на 24-ти март, а досега беа на сила мерките за спречување на ширење на коронавирусот со ограничување на присуство на публика на 75 отсто од капацитетот на стадоните.
Ова значи дека Фудбалската федерација на Италија доби дозвола да пушти во продажба уште 10.000 билети за натпреварот против Македонија, Претходно, беа распродадени сите 26.000 билети за само два часа.
Свои навивачи во Палермо ќе има и Македонија.