Кожув подобар од МЗТ Скопје

Екипата на Кожув продолжува со победите во македонскиот шампионат. Гевгеличани на гостински терен славеа кај МЗТ Скопје 2 со (73:87) и дојдоа до нова радост.

Американското трио во Кожув беше пресудно на овој натпревар. Оконкво постигна 24 поени, пред Унрух со 16 поени, додека Бродвеј заврши со 15 поени. Кај МЗТ Скопје УБ најистакнат беше македонскиот репрезентативец Петровски со 25 поени, пред Митевски со 15 поени.

Кожув по 19 натпревари е на деветтото место на табелата со скор 7-12, додека МЗТ Скопје 2 се наоѓа на единаесеттата позиција со две победи и 17 порази, или седум неуспеси во низа.