Мислам дека треба да се запрашаме зошто некој оддалечен 8.000 километри појасно гледа позначајни случаи на корупција кај нас. Прво мора да видиме зошто обвинителите во Бугарија замижуваат пред тие појави, нагласи бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за лондонскиот неделник „Обзервер”.
Неговата изјава дојде како одговор на прашањето „зошто Вашингтон, а не Софија, воведува санкции за бугарскиот олигарх, медиумски магнат и клучен политички играч Делијан Пеевски, за кој се верува дека ги влече конците на Бојко Борисов”.
„Ќе ја ослободам Бугарија од корупција” е насловот на написот во кој има коментари и од претставници на граѓанскиот сектор.
„Не велам да се намали корупцијата, зборувам за нејзино целосно искоренување”, додаде тој, мислејќи на целиот мандат на неговата коалициска влада. Неговата надеж е Бугарија да стане учебнички пример за тоа како корупцијата во една земја може да се елиминира за кратко време. Еден од неговите аргументи е дека Бугарија е земја со само 6,5 милиони жители.
Тој ја опиша разликата во неговото владеење, велејќи дека Борисов морал да склучува договори со „олигархискиот систем” за да остане на власт. Од друга страна, актуелната власт имаше „голема хигиена” околу тоа кој може да се приклучи на партијата што ја основа со Асен Василев.
„Независни сме, почнавме чисто и не зависиме од никого”, додаде Петков.
Тој продолжува со уверувањето дека „отсега натаму Бугарија ќе ја гледате како зборува како навистина силен бранител на владеењето на правото”.
Премиерот бара оставка од главниот Иван Гешев, но нема моќ да ја постигне, потсетува Обсервер. Интервјуто е пред апсењето на поранешниот премиер Борисов.