0.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Костовски: Исчистена е депонијата покрај реката Серава во Бутел 1

Исчистена е голема депонија покрај реката серава во населеното место Бутел 1! Поставивме и информативни табли со кои укажуваме на забраната на фрлање шут и ѓубре на веќе исчистените депонии. На влезот на кејот поставени се и столбчиња со што ќе спречиме влегување на возила кои ќе ја загадуваат околината, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој исто така информираше дека е активен телефонскиот број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање на нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре и да пријават несовесни граѓани кои ја загадуваат нашата средина!

– Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачување на хигиената! Целосно исчистени се над 30 депонии на територијата на Општина Бутел! Зелена и чиста Општина Бутел за поздрава иднина за сите нас, дадава Костовски.