Станови во центарот на Атина за 5.000 евра, но никој не сака да ги купи

Во БиХ и по 20 години 7.200 лица живеат во колективни центри

Првата асоцијација била дека станува збор за шега, потоа дека во прашање се рушевини, за на крајот да се утврди дека станува збор за пристојни станбени единици.

До која мера сиромаштијата ја зафати некогашната средна класа говори и податокот дека луѓето се подготвени по багателни цени да ги продаваат станови, бидејќи повеќе не се во состојба да ги плаќаат трошоците за одржување и даноци на недвижнини.

Пред само десет години во Грција секое слободно евро инвестираше во недвижнини. Денес, по меморандумскиот масакр на платите и пензиите, масовните отпуштата и раст на даночните давачки, поголемиот број Грци мака мачат да се ослободат од вишокот недвижнини.