Украина е подготвена да разговара за тоа да прифати статус на неутрална држава како дел од мировниот договор со Русија, а за тоа се потребни гаранции од трета страна и потврда на референдум, изјави во неделата претседателот Владимир Зеленски.
Украинскиот претседател ова го соопшти во 90-минутно обраќање за руски новинари преку видеоповик, а малку претходно рускиот регулатор за медиумите ги предупреди руските медиуми, кои се финансирани од странство и носат ознака „странски агент“ според примерот на американскиот соодветен закон, да се воздржат од пренесувањето на интервјуто со Зеленски,
Според Зеленски, руската офанзива „предизвикала разорување на рускојазичните градови во Украина… Сторената штета од руските напади е полоша од разорувањата кои Русите ги сторија во војните во Чеченија“.
Во врска со тоа Москва претходно повеќепати предупреди дека станува збор за тактика на украинските сили, особено на ударните паравоени формации составен од припадници на крајно десни формации во Украина кои во чеченските војни учествуваа на страната на исламистички бунтовници, се кријат зад цивилното население како жив штит и своите огнени позиции ги поставуваат во станбени населби и близу чувствителна цивилна инфраструктура, како болнции, детски градиники и училишта.
„Безбедносните гаранции и неутралноста, ненуклеарниот статус на државата. Ние сме подготвени на тоа. За таа точка од преговорите се разговара темелно“, тврди Зеленски, пренесува AFP.
„Но сакам тоа да биде уште еден од документите во стилот на меморандумот од Будимпешта“, вели Зеленски алудирајќи на договоот кој по инсистиање на Велика Британија и САД го потпиша и Русија во 1994 година со три поранешни советски републики меѓу кои и Украина, со кои се гарантира нивната безбедност и целост со откажувањето на нуклеарниот потенцијал наследен од Советскиот сојуз. Целта на Западот беше да се избегне поседување на нуклеарното оружје од страна на земји кои беа тогаш проценети како безбедносно нестабилни.
Делегации на Русија и Украина ќе се сретнат лице в лице во Турција во нов круг од преговорите од понеделник до средда, најави во неделата еден од украинските преговарачи Давид Арахамија.
Украина разговараше и за враќање на користењето на рускиот јазик, кој како мајчин го наведува големо мнозинство на југоистокот од земјата а кој беше забранет по превратот во Киев во 2014 година и беше една од главните причини за отцепувањето на рускојазичните региони. Но Украина одбила да преговара за другите прашања, како што е демилитаризацијата на Украина, според Зеленски.
Украинскиот претседател разговарал со видеоврски со новинари на опозициската руска телевизија Дожд, порталот на опозициска организација Медуза и дневниот весник Комерсант.
Ви кусата изјава која ја објави рускиот регулатор за медиуми објави дека ги предупредува руските медиуми да не го пренесуваат интервјуто на украинскиот претседател.
„Роскомнадозр ги предупредува руските медиуми дека треба да се воздржат од објавувањето на тоа интервју“, наведува агенцијата без да ја наведува причината за тоа предупредување.
Но руското државно обвинителство објави дека ќе објави правно мислење за изјавите изнесени во интервјуто и за легалнсота на објавувањето на тоа интервју.
„Во медиумите се појавија извештаи дека неколку руски новинари, вклучително и оние кои се потврдени како странски агенти, направиле и објавил интервју со украинскиот претседател В. Зеленски. Во контекстот на масивната анторуска пропаганда и редовното пласирање лажни информации за дејствијата на Русија во врска со специјалната воена операција…. за заштита на Донецката и Луганската народна република, обвинителството ќе даде принципиелна пранва оцен за содржината на објавените изјави и нивното пласирање“, објави обвинителството.