Зеленски: Ситуацијата во Бородјанка полоша отколку во Буча

EPA/ROMAN PILIPEY

Ситуацијата во Бородјанка, место северезападно од украинската престолнина Киев, од која пред десет дена се повлекоа руските единици, е „многу постграшна“ отколку во киевското предградие Буча каде што се масакрирани цивили, тврдеше украинскиот претседател Владимир Зеленски ноќта кон петокот.

„Има повеќе жртви во ова гратче отколку во градот Буча, исто така од северозападно од главниот град. Секое злосторство ќе биде разрешено и секој крвник ќе биде пронајден“, се закани Зеленски, без да оговори на рускуте обвинувања зошто биле потребни десетина дена за соопштување на овие податоци.

Руските трупи беа повлечени од областа на 30 март, соопшти минатата седмица руската војска, посочувајќи дека „т.н. докази за злосторства“ во Буча се појавија дури четвртиот ден“ по повлекувањето, кога украинските разузнавачи и „претставниците на Украинската телевизија пристигна во градот“ и потсети дека ден по повлекувањето градоначалникот на Буч, Анатолија Федорук не спомена за убиства на цивили чии тела наводно се наоѓаат на улиците, како што подоцна беше објавено во снимки. Слични операции, предупреди Москва, украинските тајни служби и војската ги спроведуваат и во местата Конотоп, Тростјанец во областа на Суми, како и во Бородјанка и Катјужанка крај Киев, од каде што руските сили го започнаа повлекувањето кон северот на земјата уште на 29-ти март.

На 1-ви април Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) објави дека пресретнала комуникации меѓу владите на Украина и Велика Британија кои разговарале за публицитетот од видеото за мачењето, кастрирањето, сакатењето и вадењето очи на заробени и ранети руски војници. СВР изјави дека западните влади биле „свесни за кршењето на меѓународното хуманитарно право од страна на Киев“ и дека се подготвени да им помогнат на сторителите да останат неодговорни. Во извештајот не се споменува Буча или какви било обиди за фабрикување докази за воени злосторства.

Во четвртокот доцна вечерта пред обраќањето на Зеленски, украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова на Facebook објави дека спасувачите наводно откриле 26 тела во урнатини на две бомбардирани згради во Бородјнака, гратче со околу 13.000 жители, кое беше заземено од руската војска.

„Но тешко е да се предиви колку вкупно смрни сличаи ќе бидат индентификувани.. Киев е најразурантиот град во регионот. Цел е само цилилното население: нема воен локалитет на ова место кое неодамна го заземаа украинските сили по повлекувањето на руските трупи од регионот на главниот град“, рече Венедиктова.

Обвинителката тврди дека руската војска таму користела касетни бомби и тешки повеќецевни лансирни системи „кои носат смрт и разорувања“.

„Постојат докази за воени злосторства на руските сили на секој чекор. Непријателот кукавички гранатирал станбена инфраструктура во вечерните часови, кога имало најмногу луѓе по домовите“, тврдеше Венедиктова.

Ги обвини руските војници за „убиства, мачења, претепувања и силувања“, истакнувајќи дека силите на безбедност собираат докази за домашните и меѓународните судови.