Убиен Палестинец во израелска рација на Западниот брег

Израелските безбедносни сили извеле во саботата рација во округот Џенин, жариште на Западниот брег (на реката Јордан) и застрелале еден Палестинец а други раниле, откако ветија дека „нема да има ограничувања“ во сузбивањето на сѐ поголемото насилство.

Операцијата којашто е во тек следи откако во четвртокот вечерта напаѓач кој е идентификуван како жител на Џенин во Тел Авив уби три Израелци и рани повеќе од десет други.

По овој напад, израелскиот премиер Нафтали Бенер рече дека на безбедносните агенции им дал „целосна слобода“ да го прекинат смртоносниот бран насилства во Израел започнат на 22-ри март во кој во палестински напади се убиени околу петнаесеттина Израелци, „за да го сузбијат теророт“.

„Во оваа војна нема ограничувања и нема да ги има“, рече Бенет во петокот, говорејќи неколку часа откако напаѓачот отвори иган во улица во Тел Авив полна со барови и ресторани.

Израелската војска во саботата објави дека властите започнаке операција во градот Џенин, на северот од палестинската енклава Западниот брег (која меѓународната заедница ја смета окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна) во тамошниот бегалски камп и во соседните села.

Палестинскот министерство за здравје изјави дека најмалку еден Палестинец е убиен во израелско пукање, а 13 се ранети. Според палестински извори од 22-ри март убиени се десет Палестинци.