
Државниот завод за статистика денеска објави дека во февруари бројот на туристи во земјава изнесувал 35 642 од кои 53,1 процент биле странски и 46,9 проценти домашни туристи.
Реализирани се вкупно 76.536 ноќевања од кои 54,1 процент од странски и 45,9 проценти од домашни туристи.
Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани, се забележува зголемување на бројот на туристи за 34,7 проценти и зголемување на бројот на ноќевања за 30, 9 проценти.