На интернет се појави снимка која наводно покажува два руски ракетни системи за противвоздушна одбрана како се движат по пат од руската страна на границата со Финска.
Станува збор за снимка објавена на Твитер, која потоа ја пренесоа повеќе западни медиуми, иако нејзината автентичност не е потврдена.
Ракетни системи наводно биле видени како минуваат покрај знак за главниот град на Финска Хелсинки. Станува збор за мобилни одбранбени системи К-300П бастион-П дизајнирани за уништување бродови, вклучувајќи борбени групи на носачи на авиони.
There are Unconfirmed reports today that Russian Forces in the Leningrad Region near the City of Vyborg are beginning to move Heavy Military Equipment including K-300P Bastion Coastal Defense Missile Systems towards the Gulf of Finland and the Finnish Border. pic.twitter.com/UUtq5GQ5ej
— OSINTdefender (@sentdefender) April 11, 2022
Руското распоредување на силите, ако снимката е автентична, доаѓа откако финската премиерка Сана Марин кажа дека очекува дека нејзината влада ќе ја заврши расправата пред средината на летото за тоа дали ќе поднесе барање за членство во НАТО.
Последните анкети покажуваат дека 84 отсто од Финците ја сметаат Русија за „значителна воена закана“, што е за 25 отсто повеќе во однос на минатата година. Кремљ предупреди дека влегувањето на Финска во НАТО „нема да ја подобри безбедносната ситуација во Европа“.
Финска и Шведска до сега избегнуваат членство во НАТО иако се поврзани со Западот. Но, сега нештата се сменија бидејќи Финска на истокот има граница со Русија долга 1.313 километри и е вознемирена поради руската инвазија на Украина.
Во меѓувреме, шведската владејачка партија вчера официјално ја почна дебатата за можноста за поднесување барање за членство, потег кој би бил целосна промена на политиката на скандинавското кралство, кое со децении е воено неутрално.