Уапсен првоосомничениот за убиството на Денис Тот

По Јавното Обвинителство, и Министерството за внатрешни работи информира за приведувањето на првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот.

-А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ, велат од МВР.

Како што соопштува Министерството, по преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на населба Аеродром.