Данела Арсовска ќе биде повикана од ОЈО за „Треска“

Обвинителката Вилма Русковска во предистражната постапка која ја водат ќе се земе во предвид се што е врзано со поранешна фабрика „Треска“ од отворањето, па се до процесот на денационализација. Неофицијално, од телевизијата дознаваат дека во Обвинителството ќе биде повикана и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по изјавата дека постојат индиции дека пожарот во кругот на атрактивната локација е пдометнат. Рускоска верува дека сепак пожарот настанал на местото кое било собиралиште на бездомници.

„Се работи за предистражна постапка, се собира документација комплетна од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и доколку има нешто спорно во врска со денационализацијата. А предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство“ – вели обвинителката Рускоска.

Увидните екипи на општина Центар се уште се активни во фабриката „Треска“, а градоначалникот Горан Герасимовски вели дека се прави реконструкција на случајот и се испитува од која хала започнале пламените јазици.
– Општинската комисија за урбанизам ќе види кои хали се запалени. Информациите ми се дека халите се во приватна сопственост., додека земјиштето е во државна, реле Герасимовски.

Општинскиот кризен штаб во понеделник ќе расправа што да се прави со старите резервоари на нафта и бензин, кој го става населението во опасност,

Од она што досега е познато е дека инспекторите направиле само визуелни проверки. За настанатата шетата, таа треба да се утврди од вешти лица.

Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, рече дека се што било вредно било изнесено во псоледните 15 години од стечајните управници и дека азбестот не може да гори.

– Азбестот е на покривот на самиот објект. Кога ќе завршат сите активности таму, ќе ги задолжиме фирмите кои ќе го расчистуваат теренот да го селектираат азбестот и да го предадат. Азбестот не гори, изјави денеска Стојковски.