Јуве и Лацио во завршниците спасуваа бод

Juventus’ Dusan Vlahovic jubilates after scoring the goal (1-1) during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs Bologna FC at the Allianz Satadium in Turin, Italy, 16 april 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Двата големи фаворита во саботната програма од 33-то коло на итгалијанското фудбалско првенство Јувентус и Лацио на своите терени во завршниците од дуелите спасуваа бод против Болоња, односно Торино.

Во последниот саботен дуел, Торино во Рим беше на чекор од победата бидејќи сѐ до втората минута од судиското продолжение на мечот имаше водство од 1:0, кое го донесе Пјетро Пелегрини кога по изведениот корнер со глава ја закова топката во домашната мрежа. Но во самиот финиш, најдобриот стрелец во првенството, Чиро Имобиле успеа да им побегне на своите чувари и исто така со глава по нафрлувањето на Сергеј Милинковиќ Савиќ му спаси бод на Лацио.

Лацио така остана без два важни бода во трката за излез во некое од европските натпреварувања следната сезона, сега е седми со 56 бодови, колку што имаа и шестата Фиорентина, а за бод помалку зад градскиот ривал Рома, кои ги држат позициите кои водат во Европската конференциска лига односно во Лига Европа, но имаат и по меч помалку. Торино моментално е 11-ти со 40 бодови, 12 повеќе од зоната на испаѓање.

Преходно и Јувентус спаси бод на домашен терен длабоко во судиското продолжение на мечот против Болоња. Гостите беа на прагот на првата победа над Јувентус по 11 години, и се до петтата минута од продолжението водеа со голот на Марко Арнаутовиќ во 52 минута.

Болоња сталожено ја одржуваше предноста сѐ до 84 минута кога во иста акција останаа без двајца играчи. Порад прекршок над Алваро Морат на самиот раб од шеснаесетникот беше исклучен Адама Сумаоро, а потоа Гари Медел демонстрираше неверојатен недостиг од интелигенција. Поради протест прво доби жолт картон, а потоа мислејќи дека ќе одолговлекува не замолче и продолжи со приговорите додека не му беше покажан и вториот жолт картон. Со двајца фудбалери помалку во полето Болоња одолеваше сѐ до петтата минута од продолживањето кога Душан Влахович сепак успеа да ја провре топката во гостинската мрежа.

Јувентус остана на четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите следната сезона, со 63 бодови, три помалку од Наполи кој е трет со меч помалку. Во водство е Милан со 71 бод, а втор е Интее со два бода и меч помалку. Болоња е 13-та со 38 бодови.

Калјари со голот на Алесандро Деиола во 42 минута на домашен терен оствари важна победа над Сасуоло. Калјари така сега со 28 бодови е 17-ти, на место кое гарантира опстанок во Серија А, на пет кола до крајот со шест бода повеќе од опасната зона. Сасуоло е моментално деветти со 46 бодови.

Минимална победа со голот постигнат уште во 10 минута преку Лукас Тореира Фиорентина дома ја порази Венеција. Фиорентина го мина Лацио со 56 бодови и е на шестото место, а Венеција со 22 бодови од 32 кола е 18-та и во моментов би разигрувала за опстанок.

Изненадувачка гостинска победа кај Сампдорија оствари со 2:1 Салернитана. Гостите созадоа на самиот почеток убава предност со головите во 4 и во 6 минута а стрелци беа Федерико Фаѕио и Едерсон. Домашните успеаја да намалат во 32 минута преку Франческо Капуто, но до крајот на мечот резултатот веќе не се менуваше.

За Салернитана ова беше само четвртата првенствена победа сезонава и остана последна 20-та со само 19 бодови и надежи дека може да се избори барем за меч за опастанок. Сампдирија остана на 29 бодови и моментално е 16-та.

Уверлива победа од 4:1 пред своите навивачи оствари Удинезе во дуелот со Емполи. Домашните поведоа веќе во 6 минута со голот на Ардиан Исмаили а водството го удвои Жерар Деулофеу во 52 минута,. Андреа Пинамонти во 70 минута реализираше пенал за гостите, но веќе во 79 минтуа Ингасио Пусето повторно го носи Удинезе на „плус два“, а конечниот резултат го постави Лазар Самарџиќ во 87 минута.

Удинезе е 12-ти со 39 бодови, а Емполи е 14-ти со 34 бодови.

Поради католички Велигден во недела нема да се играат дуели, а во понеделник се игра дербито Наполи – Рома, како и Аталанта – Верона.