Голден Стејт убедлив против Денвер, Јута подобра од Далас

Голден Стејт, Јута, Филаделфија и Минесота остварија победи на стартот на НБА плејофот потврдувајќи ја својата фаворитска улога.

Денвер Нагетс, и покрај одличната партија на актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ, кој заврши со 25 поени 10 скока и 6 систенции загуби убедливо со 123:107 од Голден Стејт вориорс.

Од другата страна Џордан Пул им даде 30 поени на Нагетс, 19 додаде Клеј Томпсон, а по 16 имаа Ендру Вигинс и Стеф Кари.

Далас маверикс, без повредениот Лука Дончиќ, пружи одличен отпор против фаворитите Јута, но на крајот загуби со 99:93. Мичел со 32 поени беше најдобар за гостите, Бојан Богдановиќ додаде 26, додека за Далас најдобар беше Брансон со 24 поени.

Минесота, пак, со 130:117 ги победи Мемфис гризлис предводени од Ентони Едвардс, кој во својот прв меч во пејофот имаше 36 поени, а одличен беше и Карл-Ентони Таунз со 29 поени и 13 скока.

Филаделфија и покрај слабата партија на Ембид, имаше убедлива 131:111 победа над Торонто, откако Макси уфрли 38 поени, Херис додаде 26, а Џејмс Харден имаше 22 поени и дури 14 асистенции.