Испораките на оружје од страна на Велика Британија на самопрогласената република Косово претставува непријателски чин кон Србија и вооружување на терористите, изјави во неделата српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.
Претходно во српските медиуми беше објавено дека официјален Лондон на албанските власти во Приштина им предал противоклопни ракетни системи „Javellin“ и противтенковски наведувани ракети NLAW, со какви ги вооружува и паравоените формации на украинските екстремни десничарски движење кои се во составот на украинската војска кога се подготвуваше нападот врз самопрогласените проруски републики во Доњецк и Луганск, а пред превентувната офанзива на руската војска во Украина.
Според податоците кои ги наведе белградскиот дневен весник Вечерње Новости, веќе се префрлени 50 парчиња од споменатото вооружување и се очекуваат уште 20, а планирана е и обука на косовски војници за нивно користење. Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со тао очекува во следните 48 часа да добие официјално објаснување од британскиот премиер Борис Џонсон.
„Сметам дека испораката на оружје … од страна на Велика Британија е непријателски акт, бидејќи не може да вооружувате терористи и да се надевате на мир. Многу сум загрижен“, го цитира весникот министерот Вулин.
Во утринското гостување на телевизијата Пинк, Вулин оцени дека британската испорака на оружје всушност е вооружување на терористи.
„Им давате оружје на терориститеи. Тие немаат војска…. спроед Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при ОН, единствени вооружени сили на Косово и Метохија (поранешната српска јужна покраина – з.р.) се (контингентот под водство на НАТО – з.р.) КФОР, нема други, а вие создавате некаква војска, ги вооружавате, им давате оклопни возила, противоклопни системи, дронови, вршите обуки, слушам дека некои одат на обуки за пилоти во Турција, Албанија…“, реле Вулин.
Повторувајќи дека е многу загрижен поради ваквите чекори на Лондон, српскиот министер за внатрешни работи посочи дека „целата филозифија“ на косовскиот премиер Албин Курти е да им „направи злона Србија и Србите“ а неговото барање Косово да биде итно примено во НАТО, Вулин го оцени како можна провокакција за Србија.
Приштинските власти на почетокот од март побараа придружување во НАТО, поради ситуацијата во Украина. Ги повикаа САД и земјите кои ја признаа независноста на Косово, да го забрзаат приемот во Алијансата. Предложија Вашингтон да воспостави своја постојана воена база во регионот, и покрај тоа што големата база „Бондстил“ крај Урошевац не се смета за база на НАТО, туку за американска.
Според спомнатата Резолуција 1244, косовските власти не можат да формираат своја армија, туку да ги воспостават ткн Безбедносни сили на Косово, кои според законот од декемнври 2018 година може да имаат до 5.000 припадници. Но Приштина изминатиот период со материјална поддршка од НАТО, ги модернизира и обучува овие единици со цел набрзо да ги трансформира во целосни вооружени сили, што наидува на жестоки осуди во Белград.
Арменд Мехаи, министерот на ови безбедносни сили, во саботата на социјалните мрежи објави дека БСК „се снабдуваат и се снабдуваат со најсовремено оружје и опрема“.
Во марти минатата година Приштина испрати контингент од овие сили во првата меѓународна мисија како дела од американскиот контингент во Кувајта, а во мај и јуни 2021 година првпат учествуваа на воени вежби на НАТО „Defender Europe 21“ кои се одржуваа на териториите на Косово, Албанија и Хрватска.