Европската унија постигна договор во саботата за прописот за дигитални услуги со кој од големите технолошки компании ќе се бара да остранат „штетна содржина“, во најновиот потег на ЕУ да ги заузда светските интернетски гиганти.
Целта на Актот за дигитални услуги (DSA), вториот дел од големиот проект за регулирање на технолошките компании, е да се обезбедат построги последици за платформите и веб-страниците со долгата листа забранети содржини во распон од говор на омраза и дезинформации до фотографии на сексуално злоставување деца.
Функцонерите од ЕУ и европарламентарците постигнале договор во раните утрински часови во саботата во Брисел за законот кој е во изработка уште од 2020 година.
„Да, постигнавме договор. Со DSA времето на големите интернетски платформи кои се однесуваат како да се ‘преголеми па не им е грижа’, се ближи кон крајот. Голема пресвртница за граѓаните на ЕУ“, напиша на Twitter еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон кој порано интернетот го опиша како „Дивиот запад“.
„Денешниот договор за DSA е историски. Нашите нови правила ќе ги заштитат корисниците на мрежата, ќе обезбедат слобода на изразувањето и можност за фирмите. Она што е незаконито офлајн ќе биде незаконито и онлјан во ЕУ“, напиша во твите претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Овој пропис го следи Актот за дигиталните пазари (DMA), кој е насочен на антиконкурентските практики меѓу технолошките гиганти како што се „Google“ и „Meta“ (порано „Facebook“), а беше заклучен кон крајот на март годинава.
Технолошките џинови повеќепати беа прозвани, бидејќи пропуштиле да ги надѕираат своите платформи. Најмногу реакции предизвика тероростичкиот напад во џамиите на Нов Зеленд во 2019 година кој беше пренесуван во живо на Facebook, а хаотичниот бунт во САД во јануари 2021 година беше промовиран на интернет. Темната страна на интернетот вклучува и платформи за електронски тргувања на фалсификувани или неисправни производи.
Обврски за големите платформи
Со прописите ќе се бара од платформите брзо да остранат нелегална содржина што ќе станат свесни за нивното постоење. Социјалните мрежи ќе треба да ги суспендираат корисниците коишто често ги кршат законите.
DSA ќе ги присили веб-страниците за електронско тргување да го потврдат добавувачот пред да ги предложат своите производи.
Иако многу одредби на DSA се однесуваат на сите компании, DSA во поставува посебни обврски за „многу големите платформи“, дефинирани како оние со повеќе од 45 милиони активни корисници во Европската унија.
Списокот на компаниите сѐ уште не е објавен, но ќе ги вклучува гигантите како Google, Apple, Facebook, Amazon, Microsoft и Twitter, а најверојатно и TikTok, Zalando и Booking.com.
Овие компании ќе имаат обврска да ги проценуваат ризиците поврзани со користењето на нивните услуги и да ја отстранат незаконската содржина. Ќе мора да бидат потранспарентни во поглед на своите податоци и алгоритми.
Европската комисија ќе ги надгледува ревизиите и ќе може да им одредува парични казни до 6 отсто од нивните годишни приходи за повторени нарушувања на прописите.
Се очекува, исто така, дека ќе биде забранета практиката за користење податоци за вероисповедта или за политичките ставови при насоченото ракламирање.
Поранешната вработена во Facebook, Френсис Хаген, предизвика голема врева минатата година кога ги обвините своите поранешни шефови дека предност ѝ даваат на заработката во однос на ползата на корисниците. Во ноември го поздрави „огромниот потенцијал“ на пректот на регулативата на ЕУ, кој според неа би можел да стане „препорака“ за другите земји, на пример за САД,
Меѓутоа, Европската организација на потрошувачите (BEUC) стравува дека текстот не оди доволно далеку. Организцијата сака да биде забрането секое рекламирање коешто почива над надзор над корисниците на интернетот, како и повремени контроли на производите на онлајн продавачите.