Серија А: Интер преку Рома на врвот

Inter and Roma at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 23 April 2022. ANSA / MATTEO BAZZI

Милански Интер на својот терен во неделата го доби со 3:1 дербито со Рома во рамките на 34-то коло од италијанското фудбалско првенство и привремено изби на чело на Серија А.

Интер поведе точно по половина час игра, со погодокот на Дензел Думфрис по убавото проигрување Хакан Чалханоглу, а десет минути подоцна хрватскиот тандем во редовите на „Нераѕурите“ беше заслужен за удвојување на водството. Иван Перишиќ во 40 минута избегна офсајд замка и втрча во гостинскиот шеснасетник и ја остави топката за натрчаниот Марсело Брозович кој ги измами Манчини и Смајлинг и до 10-ина метри отскосо го погоди горниот лев агол од голот на Рома. На 3:0 зголеми во 53 минута Лаутаро Мартинез со удар со глава по корнерот кој го изведе повторно Чалханоглу. „Волчицата“ го ублажи поразот во 85 минута, кога домашната мрежа ја погоди Хенрих Мктаријан.

Со оваа победа Интер го презема врвот на табелата со 72 бода, еден повеќе од градскиот ривал Милан, а двата тима имаат по 33 натпревари. Во недела Милан ќе гостува кај Лацио, а додека Интер во среда ѝ гостува на Болоња.

Рома е шеста со 58 бодови, два повеќе од седмопласираниот Лацио и осмопласираната Фиорентина, но Лацио има еден а Фиорентина два натпревара помалки. До крајот на првенството остануваат уште четири кола, па така екипата на Жозе Мурињо може дури и да остане без пласман следната сезона во некој од европските купови.

Претходно во саботата Аталанта оствари победа од 3:1 кај Венеција. Гостите од Бергамо поведоа пред самиот крај на првото полувреме во 44 минута кога топката по нафрлувањето на Мјуриел од левата страна ја блокираше домашен играл и таа зависи во пречката од гредата од каде се одби на главата на Марио Пашалиќ, кој пред блокот беше во офсајд на само четири метри од голот, и заврши во мрежата на Венеција.

На почетокот од вториот дел, во 47 минута водството на Аталанта го зголеми Дуван Запата повторно на асистенција на Луис Фернандо Мјуриел Фруто кој и самиот беше стрелец во 63 минута. За домашните почесниот погодок го постигна во 85 минута Домен Чрнигој.

Аталанта сега е осма со 54 бодови од 33 натпревари, а Венеција остана последна 20-та со 22 бодови, шест помалку од зоната на опстанок.

Торино на домашен терне ја надигра Специја со 2:1. Двата погодока за домашните ги постигна Саша Лукиќ, првиот во 4 минута од пенал а вториот во 69 минута со прецизен удар од 15 метри. Стрелец за гостите беше од пенал Реј Манај во седмата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Торино е 11-ти со 43 бодови, а Специја е 15-та со 33 бодови, со значителна бодовна предност пред тимовите кои се борат за опстанок.

Во последниот саботен натпревар Верона и Сампдорија одиграа без победник 1:1. Гостете поведоа со голот на Франческо Капуто во 44 минута, а домашните израмнија преку Џанлука Капрари во 78 минута.

Верона моментално е деветта на табелата со 49 бодови, додека Сампдорија е 16-та со 30 бодови, осум повеќе од зоната на испаѓање.