ВИДЕО| Траект на водороден погон се подговува за пловидба во Сан Франциско

Заливската област на американски Сан Франциско наскоро ќе добие нов траект, којшто наместо фосилни горива ќе користи водородни горивни ќелии, а властите се надеваат дека со тоа ќе навестат промена во пловењето.

Соодветно наречен „Морска промена“ (Sea Change), траектот долг 21 метар со капацитет за 75 патници, ќе пристанува на неколку точки по должината на брегот во заливот Сан Франциско.

Изграден е во бродоградилиштето „All American Marine“ во градот Белингем во американската сојузна држава Вашингтон, а го тестирала американската крајбрежна стража во блискиот теснец Пјуџет.

„Тука сме во водата со енергијата на водородните горивни ќелии и со првото комерцијално пловило коешто има таков систем на погон“, изјави Пејс Рајли, изврштен директор на компанијата „Switch Maritime“, стоејќи на прамецот на траектот во заливот Белингем.

Траектот „Sea Change“ претставува уште една индустрија која се истражува и настојува да ги примени горивните ќелии, кои веќе се коистат во автомобили, возови и пловила за рекреација.

Заговорниците на оваа технологија истакнуваат дека погонските ќелии се почисти од другите методи за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, бидејќи тие испуштаат само вода и топлина, но нивната употреба е ограничена поради високите трошоци и гломазноста на системите.

Траектот на горивни ќелии Рајли го осмислил кога живеел во Њујорк и кога се обидувал да пронајде начини да ги намали емисиите на јаглерод диоксид во поморска индустрија.

„Ова ќе биде нов стандард кај пловилата на погон на горивни ќелии. Чисти се, ефикасни и имаат економска оправданост“, вели водачот на проектот Џеф Соколик, кој верува дека оваа еколошки прифатлива поморска иновација би можела да биде прифатена веќе за десет години.

Доколку плановите се одвиваат како што е предвидено, Рајли семат дека бродот ќе биде доставен во заливската област на Сан Франциско и ќе почне да превезува патници веќе во јуни, на почетокто од летната сезона во овој регион.