Владата да ги исполни барања за платите во образованието и учениците да се вратат во клупите, порача Митева

„Продолжуваат притисоците од Владата врз образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати“, изјави на прес конференција Марија Митева, портпарол во ВМРО ДПМНЕ

Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките.

Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари.