![elektro ured](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/elektro-ured.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
Австрија со поддршка на Европската Унија ќе субвенционира поправка на стари или расипани електрични апарати со цел да ги поттикне граѓаните да ги користат што подолго, а крајната цел е да заштита на ресурсите, животната средина и одржлива циркуларна економија.
Државата од денеска ќе ги финансира граѓаните со ваучери до 50 отсто од трошоците за секоја поправка на електричен или електронски уред, а субвенцијата може да изнесува најмногу до 200 евра, јавија австриските медиуми.
Проектот „бонус за поправки“ го смисли австриското Министерство за заштита на климата, а за таа цел до 2026 година веќе се обезбедени 130 милиони евра од Фондот за обнова „Следната генерација на ЕУ“.