Ана Филиповиќ во 2005 година направи страшно злосторство заедно со нејзиниот тогашен партнер Малиша Јевтовиќ (47).
Ана била сведок на силувањето и смртта на нејзината ќерка Катарина Јанковиќ, која тогаш имала само 3 години. Истата година завршила во женскиот затвор во Пожаревац.
Тригодишното девојче со живот го плати изборот на нејзината мајка со нив да живее Јевтовиќ, а злосторството се случило под будното око на Ана.
Овие монструми ја однеле Катарина во шумата на Ѕвездара. Мајка Ана остана кај блиската чешма за да пуши цигара.
Малиша го однел малото дете во напуштена зграда.
Таму ја претепал малата Катарина, ја силувал… Се вратил во валкана облека. Таа повраќаше. Потоа отишле дома, седнале на ручек, а девојчето до нив умирало во најголеми маки, односно искрварило до смрт поради расцепување на внатрешните органи.
Мајката монструм доби 37 години затвор. Највисоката казна за вакво дело, а и највисока казна затвор која воопшто може да се изрече е 40 години.
Кога ќе излезе на слобода ќе има 62 години.
Катарина денес би имала 20 години.