Во вторникот во 4,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Н.Т. од Скопје.
Тој, како што информираат од МВР, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга.
По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во четвртокот СВР Штип извести дека поднеле кривична пријава против 54-годишниот Р.С. од скопското село Стајковци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“.
Во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари.
Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа.
Пријавениот земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа.