Носењето маска повеќе нема да биде обврска на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија денеска Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, ЕАСА, и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, ЕЦД.
Според нивни информации, новите препораки ќе стапат во сила на 16 мај, пренесува Ројтерс.
„Од наредната седмица, маските на лице повеќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во склад со изменетите барања на националните власти ширум Европа за прашањето на јавниот превоз“, изјави извршниот директор на ЕАСА, Патрик Ки.