Дете на 11 години е најмладиот пациент со рак на кожа дијагностициран на Клиниката за дерматологија.
Меланомот кај овој пациент бил успешно саниран и сега е во добра состојба со мал оток на ногата. Лекарите предупредуваат – ова малигно заболување не ја поштедува ниту младата популација и е во голем подем во земјата.
Дерматолозите само денеска од околу 300 дермоскопски прегледи во градскиот парк, кај 30-тина граѓани откриле канцерогени кожни промени и на истите им дале насоки за понатамошен третман.
-Проблемот кај нас е во стравот кај луѓето дека бенките не се чепкаат или пак одење на други алтернативни тераписки опции.
Промените кои што се како ранички што не заздравуваат, темна пигментирана промена која што е нова, бемка која што се променила по димензии и боја, некоја промена што ви прави непријатно чувство, се тоа знаци кога вие треба да се јавите на дерматолог, вели проф. Др. Сузана Николовска, директор на Клиника за дерматовенерологија.
Сончевите зраци и генетскиот фактор се најголемите виновници за ракот на кожа. Ако кај еден член во семејството е дијагностициран меланом, сите членови потоа доживотно се под надзор на дерматолози и барем еднаш годишно треба да одат на превентивни прегледи.
-Ако некогаш сме гледале по еден меланом на неколку недели сега гледаме практично секоја недела и тоа секој од нас поединечно. И затоа треба да алармираме и да имаме прецизни податоци кои ќе ги користиме да ја сфатиме сериозно ситуацијата и да се бориме против неа, изјави проф., др. Андреј Петров претседател на Здружение на дерматолзои во Македонија.
– За жал овој тумор е еден од се поприсутните и кај помладата генерација. Статистичките податоци говорат дека еден од пет пациенти за жал се детектира во една подоцна фаза, изјави др. Владимир Рендевски, заменик министер за здравство.
Прегледот трае многу кратко, но ако едни се плашат за секој промена на кожа да одат на лекар, други велат неможат да стигнат до термини.
-Па неможам на клиника од гужви и дојдов овде да ми ги видат проментие на кожата ама не е ништо страшно, вели граѓанин.
Заштита од сончевите зраци не треба да користиме само покрај море или езеро туку и во секојдненвите активности.
-Во Биодерма имаме производи со фотозаштита кои се прилагодени и одговараат на секој тим на кожа и имаат висока УВА и УВБ заштита, вели Ана Димитровска, стручен соработник за Биодерма.
Карциномот на кожата не боли, а најдобри резултати во негово лечење се постигнуваат при рана фаза на детекција, порачаа лекарите.