Украинските војници кои го бранат градот Харков дошле до државната граница со Русија, тврдеше во понеделникот именуваниот покраински гувернер Олех Сингеубов на комуникациската платформа Telegram.
Светските агенции пренесуваат дека не е можно да се потврди ова тврдење, како и дека не е јасно колку војници дошле наводно до руската граница, ниту точно на која локација.
Украинското министерство за одбрана објави видоеснимка која наводно прикажива војници од територијалната одбра на неодредена локација на границата/.
„Стасавме, тука сме“, вели еден од војници.
Британски BBC коментира дека доколку информацијата биде потврдена, „тоа би значелчо дека украинската противофанзвива има сѐ поголем успех во потискувањето на руските сили на североистокот откако западните воени агенции тврдеа дека руската офанзијав во регионот на Донбас запреле“.
Од друга страна, силите на проруските милиции од областа Луганск тврдат дека конторлираат над 90 отсто од административната територија на регион пред превратот од 2014 година и војната со силите под контрола на Киев.
Истовремено на утринскиот брифинг во руското министерство за одбрана беше објавено дека руските ракетни сили изминатата ноќ погодиле 325 локации на жива сила на украинската војска и воена опрема, 14 командни центри и 24 артилериски батерии. Авијацијата, исто така, погодила три командни центра и две складишта со горива, како и 100 локации на концентрација на жива сила и воена опрема.
„Со високпрецизни ракети лансирани од воздух погодени се два командни центра, вклучително и командата на 72-та механизирана бригада во регионот Цаповка во Харковската област, 16 области на концентрација на жива сила и воена опрема, осум утврдени огнени позиции и пет магацини со ракетно и артилериско орује“, изјави портпаролот, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Прецизираше дека „повеќе од 360 националисте се уништени во ударите, а 78 единици воена опрема се вон употреба“.
Додаде дека во текот на ноќта руските сустеми за противвоздушна одбрана собориле два украинските јуришни авиони од типот „Су-25“, еден бомардер „Су-24“, како и десет беспилотни летала од кои два од реактувните „Ту-143 Реис“. Истовремено биле пресретната 18 проектили од ракетниос систем за повеќекратно лансирање „Смреч“.