Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека Шведска и Финска, чиишто челници ги прими во Белата куќа, дека ги исполнуваат „сите услови“ за влегување во НАТО.
„Денеска сум горд што можам да потврдам дека имаат огромна поддршка од Соединетите држави“, истакна Бајден откако во Овалната соба на Белата куќа разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Ниинисто.
Американкиот претседател во градината со рози на Белата куќа, каде се виореа знамињата на трите земји, повтори дека САД „работат“ со двете нордиски земји за да се „спротистават на секоја агресија“ на коишто „би можеле да бидат изложени“ во текот на постапката на пристапување на Северноатлантскиот воен сојуз.
Повикувајќи ги двајцата челници во Вашингтон, дека откако ги предадоа офијалните кандидатури на нивните земји за членство во НАРО, САД уште еднаш покажува нетрпеливосткоа станува збор за проширување на Алијансата во којашто го водат главниот збор.
Иако големо мнозинство земји членки на НАТО го поддржуваат пристапувањето на Финска и Шведска на организацијата, Турција се закани со блокада на процесот, обвинувајќи ги овие скандинавски земји дека ги прикрива терористите по кои трага Анкара и за ембарго на извоз за оружје за нејзините одбранбени сили.
Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави дека е „подготвен да разговара“ со Анкара за нејзината „загриженост“. „Го осудивме тероризмот во сите негови форми“, додаде иако Турција ги обвинува Хелсинки и Стокхолм да ѝ ги израчат осомничените припадници на Работничката партија на Курдистан (PKK), која е прогласена за терористичка организација и во ЕУ и во САД, како и припаднците на движењето FETО на радикалниот исламистички проповедник Фетула Ѓулен обвинето за неуспешниот воен удар во 2014 година.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека во „моментов разговара“ со Турција за да се „решат“ тие прашања.
САД досега беа убедени дека можат да ја остранат турската блокада, а дека на национални нивоа ратификацијата на проширувањето на НАТО ќе биде само формалност. Претседателот Бајден изјави дека во американскиот Конгрес, во кој двете партии постигнаа консензус по ова прашање, ќе упати барање за „што поскоро“ прифаќање на кандидатурите на Финска и Шведска.
„Кога нови членки влегуваат во НАТО, тоа не е закана за ниедна земја. И никогаш не била. Задачата на НАТО е да се брани од агресија“, реле Бајден алудирајќи на приговорите на Русија дека ширењето на Алијансата на самите нејзини граници претставува закана за нејзината национална безбедност, но и во последно време сѐ погласните реакции на Кина на ширењето на организацијата.
Бајден воедно потсети, во обидот да ја примири американската јавност која стравува дека преку НАТО САД можат да бидат вовлечени во глобален конфликт, дека од основањето на Алијансата членот 5 од Статутот, според кој нападот врз една членка се смета за напад врз сите членки, бил применет само еднаш во историјата.
„Тоа беше случај по нападите од 11-ти септември 2001 година (врз САД од Ал Каеда) и сите наши сојузници застанаа покрај нас во тоа време“, истакна Бајден.